Прескокни до содржината

Сите нарачки,
на едно место.

Продавниците нарачуваат од телефон. Дистрибутерите ги добиваат нарачките подредени.

  1. 1Продавницата нарачува
  2. 2Нарачката се испраќа
  3. 3Дистрибутерот ја добива веднаш

Шест пораки. Или една нарачка.

Денес, на Viber

МНМаркет Надаонлајн
Добро утро. За петок:
2 кутии кока кола зеро
и оној сок од минатиот пат, 1 кутија
ајвар жито × 6чипс стоби 1 кут.
Кој сок беше?
Портокаловиот, од 1 л

Во Снабди

МНМаркет Нада№ 1043 · испорака петок, 13 ноемНова
Кока-Кола Зеро 0,5 л2 кутии × 121.040 ден.
Сок портокал 1 л1 кутија × 6540 ден.
Ајвар Жито 680 г6 парчиња828 ден.
Чипс Стоби 50 г1 кутија × 14460 ден.
Вкупно, без ДДВ2.868 ден.

За дистрибутери

Вашиот каталог. Вашите цени. Вашите продавници.

Поставете ги еднаш. Секоја нарачка потоа стигнува по Вашите цени и рокови.

Секоја нарачка со статус и ден на испорака. Потврдете, изменете или извезете во Excel.

НарачкиБистра Трејд

Нарачки

Извези во Excel
СитеНови 3ПотврдениИспорачани
МНМаркет Нада№ 1043 · 4 ставкиПеток, 13 ноемНова2.868 ден.
БЛБакалница Лека№ 1042 · 8 ставкиПеток, 13 ноемНова6.215 ден.
СВСупермаркет Вардар№ 1041 · 31 ставкаЧетврток, 12 ноемНова24.910 ден.
КЈКафе Јава№ 1039 · 5 ставкиЧетврток, 12 ноемПотврдена3.120 ден.
ПАПродавница Ана№ 1036 · 6 ставкиСреда, 11 ноемПотврдена4.380 ден.

За продавници

Неделната нарачка, без ниту еден повик.

Сите Ваши добавувачи во еден телефон, секој со своите цени и рокови.

Како работи

Започнувате со она што веќе го имате.

Вашиот ценовник во Excel и телефоните на продавниците. Без инсталирање и без обука.

  1. 1

    Регистрирајте ја фирмата

    Со ЕДБ на фирмата, а ние ја одобруваме.

    Бистра Трејд ДООЕЛ
  2. 2

    Увезете го ценовникот

    Од Excel-от што веќе го имате, без препишување.

    цени-ноември.xlsx
  3. 3

    Додајте ги продавниците

    Телефон, денови на испорака, рок и минимум.

    070 123 456
  4. 4

    И нарачките по телефон

    Ги внесувате Вие, по цените на продавницата, на истото место.

    Внесена од Бистра Трејд

Прашања

Она што најчесто нè прашуваат.

Колку чини?

Цените ќе ги објавиме наскоро.

Дали продавниците плаќаат?

Условите за продавниците ќе ги објавиме наскоро, заедно со цените.

Дали треба да се инсталира нешто?

Не. Снабди го отворате на компјутер или телефон, како секоја веб-страница. Може да го додадете и на почетниот екран, како апликација.

Како се вклучува продавницата?

Дистрибутерот ја додава со телефонски број или е-пошта. Сопственикот се регистрира со истиот број или е-пошта и поканата го чека.

Кој ги гледа моите цени?

Само продавниците што сте ги додале. Секоја ги гледа само своите цени.

Како стигнуваат нарачките до мојот систем?

Нарачките ги извезувате во Excel или PDF, па лесно ги внесувате во Вашата програма или ги праќате во магацинот.

Дали плаќањето оди преку Снабди?

Не. Начинот на плаќање само се запишува во нарачката, а плаќате како досега.

Пробајте го Снабди со Вашите продавници.

Или јавете ни се на 070 000 000

Продавница сте? Кажете му на Вашиот добавувач за Снабди.